Астрологија за родители

Колку го познавате Вашето дете, неговите желби, доблести и мани? Сигурно, секој од Вас  родителите понекогаш ќе се изненади од реакциите на своите деца. Овој прилог можеби ќе ви помогне да ги дознаете основните тенденции на Вашето дете кое припаѓа на еден од дванаесетте астролошки знаци во Зодијакот. За поточна анализа, проверете го објаснувањето за подзнакот на Вашето дете. За повеќе информации, или за тоа како би можеле да дознаете повеќе астролошки информации за Вашето дете, обратете се на нашиот e-mail.
 
Дете-Овен

Ако имате дете Овен, треба многу внимателно да се подготвите и да бидете строги со него. Имено, поради својата голема енергија, може да стане непослушно и да предизвикува расправии па дури и тепачки со другите дечиња. Детето Овен треба уште од мали нозе да се научи на дисциплина, да му се развива натпреварувачкиот дух, и на накој начин, преку спорт, да се обидете да ја канализирате неговата голема умствена и физичка енергија. Треба да се научи да ги почитува желбите на другите луѓе, и да ја презема одговорноста за своите дела.

Совет: Натерајте го да мисли пред да преземе каква било акција.
Дете-Бик

Малиот Бик е тивко, но тврдоглаво и упорно дете. Сака спокојство и повлеченост, и можеби ќе треба да вложувате многу напор за да го натерате да се дружи со пријателчињата или да се откаже од играчките. Треба да ја развивате неговата отвореност и комуникација, како и да го насочите во области каде до израз ќе дојдат неговите уметнички квалитети. Тој учи бавно, но не го заборава тоа што еднаш ќе го научи. Сепак, штом еднаш ќе се ослободи од стегите, тој станува најдобар пријател, учи редовно и секогаш доаѓа до целта.
Совет: Можеби премногу ќе се врзува за куклите или играчките. Учете го дека правилно е да се споделуваат работите со тие што ги сака.
Дете-Близнаци

Детето Близнаци постојано нешто истражува; секоја реченица завршува со прашање и никогаш не му е доволна една работа. Треба да му ја подобрите концентрацијата и да го натерате да биде подоследен и истраен. Има склоност, во случаи кога настаните не идат по негова волја, да излаже без да трепне. Затоа, треба да се насочува кон вистината и повеќе време да помине пред книгите. Одлично памети работи, треба уште од мали нозе да учи странски јазици, кои ќе ги совлада со големо задоволство и вештина. Во училиштето редовно им создава проблеми на наставниците, не може да седи на едно место, а често и препишува на писмените. Но, затоа за време на паузите е омилено друштво со својата способност да раскажува и прераскажува.

Совет: Со својот умствен потенцијал, треба да му овозможите контакт со книгите. Но, бидете и строги и натерајте го да си ја средува собата и своите работи
Дете-Рак

Малото Ракче е многу повлечено и сензитивно дете. Од вас сака сигурност, милување и поддршка. Треба да му помогнете да ја надмине вродената срамежливост. Но, често ќе го видите како плаче без никакви причин, така што бидете внимателни и со зборовите. Нема многу пријатели, и всушност тешко се спријателува. Сепак, тоа има силна интуиција, одлично помнење и креативен потенцијал. Мора секогаш да си ги пишува домашните, зошто знае да биде многу мрзеливо. Не поднесува агресивност, но ќе знае да се одбрани со молк. Ако не почувствува љубов од вас, ќе се затвори во својот свет и ќе се грижи само за своите потреби.

Совет: Многу љубов, нежност и охрабрување и ќе добиете среќно и здраво дете, секогаш спремно да се жртвува за тие што ги сака.
Дете-Лав

Малиот претставник на Лавовите уште од мало ќе сака да стави до знаење дека заслужува посебно внимание. Треба да внимавате на неговата гордост и да избегнувате да го критикувате пред другите деца. Си поставува високи цели во животот, сака да биде како своите идоли кога ќе порасне ако не и подобар. Секогаш сака да биде водач, па често е претседател на класот! Знае да биде великодушно дете, да им помага на своите верни пријатели ако тие се искрени и отворени. Но, понекогаш знае да биде деспот, да им наредува на другите, а ако не го добие тоа што го сака, ќе го крене носот и ќе ви стави до знаење дека сте му го повредиле достоинството.

Совет: Себичноста може да ја претвори во своја особина, затоа учете го да не биде груб и толку сигурен во себе; ако направи грешка и не е толку страшно.
Дете-Девица

Често осамено и задлабочено во книгите, скромно и неприметно, детето Девица, сака да учи, и како голем може да стане познат научник. Но, истовремено, премногу бара се да биде по конец, и знае постојано да ги критикува сите околу него. Затоа, другарчињата може да го избегнуваат. Детето Девица е методично и внимателно, немапроблеми на школо, и редовно е одлично учениче. Можеби би требало да го натерате повеќе да се дружи со своите врсници без да ги оценува нивните особини. Него најмногу го интересираат активностите каде се бара прецизност и задлабочување. Пазете на исхраната, зошто не поднесува силно зачинети јадења!

Совет: Со малку хумор и оптимизам, ќе си го направи детството многу попријатно.
Дете-Терезија

Неопходно за ова дете е да си ги исполнувате ветените работи, зошто тоа никогаш нема да заборави и постојано ќе ве потсетува. Не сака расправии ни конфликти, и секогаш е на страна на вистината. Не учи премногу, но наставниците секогаш го обожуваат. Знае да комуницира на многу пријатен и шармантен начин, но предупредете го дека во животот треба да се вложи и труд. Има изразено чувство за естетика, можби уште од мал ќе ве тера да му ја купувате најскапата облека! Постојано слуша музика и сака да учи заедно со повеќе деца. Со него треба да бидете чесни и веднаш да му ја кажете вистината; зошто од вас очекува искреност. Често пати знае да закасни на час, иако тргнало на време. Нерешително, си ги заборава обврските и често на училиште оди без напишана домашна.

Совет: Насочете го кон уметноста или правото и нема да погрешите.
Дете-Шкорпија

Малото дете Шкорпија е таинствено и не покажува чувства. Но, секогаш ќе ви се спротивстави ако оцени дека сакате да му ја нарушите интимноста. Ќе ве прашува за многу работи поврзани со животот и смртта, но сака да добие логични објаснувања, зошто лесно ја наѕира лагата. Може да има многу непријатели помеѓу соучениците, па дури и помеѓу наставниците, затоа што никогаш не оди по ќефот на другите. Уште од мали нозе, силно и самостојно, секогаш спремно да критикува, детето Шкорпија треба да развие чувство на толерантност кон маните на другите деца. Исто така, бидејќи учи само тоа што му се допаѓа, не е на одмет и да се научи на силна дисциплина. Подарете му книга со детективска содржина и ќе ви биде многу благодарен.

Совет: Иако е упорно, моќно и секогаш се стреми кон целта, детето Шкорпија треба да покаже и милосрдност како и да биде поумерено во своите барања.
Дете-Стрелец

Пазете на малиот Стрелец и неговата желба за избегнување на обврски! Тоа сака многу да се движи и да спортува, училишните клупи не може да го задржат. Но, сепак, ако го насочите кон професии како што се патување, право, филозофија, ќе стане посовесен и редовно ќе присуствува на часовите, иако ќе мисли дека веќе знае доволно. Амбициозен е и се стреми кон високи општествени положби, со оптимистички дух. Омилен меѓу другарчињата, постојано сака да си игра или да учествува во екипни спортови. Често пати пак, претерува и со исхраната и со невистините. Се стреми да биде независен уште од мали нозе, и многу добро го разбира светот на возрасните, иако не сака никогаш да биде како нив!

Совет: Воспитувајте го во либерален дух, зашто, ако бидете премногу строги со него, може рано да замине од семејството.
Дете-Јарец

Малото дете Јарец е можеби единствено од сите дванаесет знака кое пред време сака да биде како возрасните. Затоа, уште од најмала возраст тоа ќе ги имитира родителите, постојано ќе поставува прашања за да ја задоволи својата голема желба за знаење. Треба да му се насочуваат амбициите но јасно да си ги вообличи желбите. Секогаш сака да биде најдобар, но проблем претставуа тоа што е многу повлечено и самотно дете. Советувајте го да ги гледа и поведрите страни од животот, да се дружи со своите пријателчиња како и да покажува што чувствува. Сака да работи внимателно, организирано, си налага строга дисциплина. Сака математика и се што е поврзано со бројки.

Совет: Не оставајте го сам кога се чувствува меланхоличен и натерајте го да зборува за тоа што го мачи.
Дете-Водолија

Малечките Водолии знаат да изненадат со своето однесување. Некои се толку срамежливи што ретко ќе им се слушне гласот; други Водолии, пак, не можат да престанат да зборат и редовно ги поттикнуваат другарчињата да побегнат од училишниот час. Креативно, со огромна имагинација, ги сака компјутерите, техниката и се што е ново и необично. Тој е независен уште од мал, и подобро да го оставите сам да реши за тоа што ќе биде кога ќе порасне. Но, тоа е великодушно, и постојано сака да биде опкружено со своите врсници. Ако му дарите книги, гледајте тоа да биде со научно-фантастична содржина. Треба да го спречите постојано да изведува ексцентрични работи, да ги почитува законите и да се приспособува кон желбите на другите.

Совет: Добро би било кога уште од најмали нозе ќе може да го насочите во некоја група каде се изучува спорт, танц, музика итн. Најдобро се чувствува во друштво.
Дете-Риби

Детето-Риби, па и кога ќе порасне, си живее во свој свет на необични но пластични бајки и нверојатни настани. Лесно се приспособува, затоа е добар ученик со одлична меморија. Сака литература и историја. Секогаш е спремно да помогне на другите иако самиот може да настрада. Мора да внимава на пријателите, зошто, ако навлезе во лошо друштво, може да заборави на учењето и да гледа само на авантури. Треба да го насочите кон дисциплина, уредност и секогаш да ја кажува вистината, затоа што малата Риба, со цел да ги избегне непријатностите може и да излаже. Тоа е чувствително и треба да му вградите позитивно однесување, да знае дека може да смета на своите сопствени сили за да успее. Љубител е на музика, поезија, танцување, фотографија и др.

Совет: Да се стреми кон враќање во реалноста но постојано да го опсипувате со љубов и нежност.
Copyright © 2003 WWW.HOROSKOP.COM.MK. All rights reseved. For any info about this site, contact