Јарец

Јарецот е десеттиот знак во зодијакот. Припаѓа на групата земјени знаци и се одликува со кардинален карактер. Неговиот  симбол е животното јарец. Јарецот се одликува со длабочина на размислување, сериозност, внимателност и доверливост.

  Тој има силна волја. Истовремено и разумен и трудољубив, Јарците се столбови на општеството. Имаат способност да издржат големи напори со цел да стигнат до посакуваната цел. Но, нивниот темен владетел, Сатурн, планетата-учител, им подарила доза на песимизам, црн хумор и меланхоличност. Знаат да бидат и депресивни и тешки за соработка. Амбициозен планер, Јарецот граби напред со мирна но постојана упорност. Јарецот си поставува високи стандарди, но истите ги применува и во односот со другите луѓе. Самокритини, работат добро во организирана средина. Јарците имаат потреба, пред се, од јасно поставена цел; инаку може да се изгубат од мноштвото желби кои ги поседуваат (во главно поврзани со кариерата). Имаат способност да ги исполнат сите очекувања, да бидат приемчиви и понизни, но само ако тоа  им помога да стигнат до врвот. Како припадник на земјените знаци, Јарецот покажува стабилност и чувство за реално согледување на животот. Така, и при изборот на пријатели, Јарците се внимателни и практични. Се доверуваат на малкумина, но затоа искажуваат огромно и нераскинливо пријателство и секогаш се спремни да дадат совет или поддршка. Јарецот се стреми кон позиција каде ќе оствари повеќе контрола над работите и каде сам ќе го одреди темпото на работа. Сакаат да се здобијат со авторитет и не се снаоѓаат најдобро во потчинета положба. Ако веруваат дека може да успеат во извршувањето на задачите, не се откажуваат се до самиот крај. Јарците се и длабоки мислители. За нив, животот е сериозен и тежок, но имаат нагон да загосподарат со него, откривајќи ги сите негови тајни и стоички борејќи се со потешкотиите. Ловец на знаење и мудрост, преку макотрпна работа, Јарецот со помошта на одличната логика и моќ на концентрација, успева да постигне многу во животот, иако тоа е забележливо по триесетата година од нивниот живот.

Јарец и работа

  Обично, Јарците одбираат професии како што се: доктори, адвокати, сметководители и се што е поврзано со математиката или парите. Секаде кадешто се работи на долгорочни проекти, пожелно би било да биде вклучен и Јарецот, кој, со задоволство ќе ја докаже својата надмоќ, во целост извршувајќи ги работните обврски. Јарците се исто така добри политичари поради нивната вештина во дебатите. Добри професори и обучувачи, максимумот го даваат на местата каде што може да покажат авторитет. Ги наоѓаме и како инженери, земјоделци и градежници. Оштриот ум и необичен хумор некои Јарци ги насочува кон филмот и уметноста воопшто. Ако нзвлезат во спортските води ќе се потрудат секогаш да бидат најдобри.

Јарец и здравје

  Јарецот владее со колената, коските и забите. Јарецот често имаат проблеми со забите и фрактура на коските, повеќе отколку другите знаци. Тој има и слаби нерви, и склони се кон депресии.  Имаат проблеми со кожата (сува кожа), а во староста заболуваат од склероза, потешко се движат и имаат болки во грбот. Би требало да конзумирааат храна без многу холестерол.

Јарец и љубов

  Јарецот тешко би можел да се нарече романтичен љубовник. Верен, но внимателен, во односите со партнерите Јарецот не се оддава лесно поради страв од губење на својот идентитет. Јарецот има голема почит спрема бракот и семејството. Знае да направи јасна разлика помеѓу чисто телесна врска и вистинска љубов. Не сака зависност од другиот и често бара личност со кој ќе оствари спонтан и релаксиран однос. Сака искрени и весели личности, поради можноста од нив да научи да сака, да се забавува и да се смее. За возврат, тој нив ќе ги научи на одговорност, практичност и способност за контрола на инстинктите и емоциите. Иако, надворешниот изглед е студен и беизразен, во него се кријат силни страсти и чувства. Не сака неговиот разум да биде помрачен од чувствата, па затоа дури во подоцнежните години учи да се опушти во присуството на партнерот. За да го отвори своето срце, потребно е да воспостави трајна и стабилна врска. Јарецот има добар однос со останатите земјени  (Бик и Девица) и водени (Рак, Шкорпија и Риби) знаци. Недоразбирања постојат со огнените (Овен, Лав и Стрелец) и воздушните (Близнаци, Терезија и Водолија) знаци.

Совет: Многу сериозно го разбирате животот! Опуштете се, погледнете на посветлата страна на животот. Вие служите како идоли на општеството, но обрнете внимание и на вашите најблиски и љубени. Подарете им многу љубов и грижа, и оптимистички гледајте на работите во иднината!