Овен |
 |
|
Овенот е првиот зодијачки знак во хороскопот. Со него, на 21 март започнува пролетта. Како огнен и кардинален знак, иницијативен е и секогаш сака да биде прв.
Неговиот владетел, Марс, е планета на воинственоста, па повеќето типични Овни се карактеризираат со енергичност, решителност, амбициозност, храброст. |
|
|
Но, и покрај овие извонредни и единствени особини, Творецот не ги обдарил со внимателност, стрпливост и контрола над своите емоции, како и рационалност.
Овенот навистина ја заслужува титулата предводник. Секогаш е исполнет со искрени емоции, длабоки пориви и желба за докажување. Го интересираат повеќе нешта во животот, но, секаде и секогаш сака да остави трага. Неговото его е силно изразено така да некои од претставниците на овој знак знаат да бидат и исклучително егоцентрични, себични и несвесни за постоењето на другите околу себе.
Лесно ќе забележите еден Овен во своето присуство. Само приметете машко или женско кое оди со силни чекори и високо подигната глава, со тенки но забележливи усни, и веднаш ќе го забележите Овнот во своето присуство. Начинот на којшто зборува е специфичен: гласно, со постојана насмевка која влева сигурност кај другите. И тешко дека ќе остане незабележен.
Неговиот однос со другите луѓе сепак покажува дека, за разлика од неговиот спротивен знак, Терезијата, тешко ја учи лекцијата за постоењето на други карактери, начини на размислувања и однесувања. Токму тоа е и неговата најголема мана која треба да ја надмине во текот на овој живот: да научи дека надвор од неговиот поглед на свет постојат и други чувства, размислувања и желби.
Како и да е, колку и да звучи парадоксално, овој негов начин на однесување му стекнува популарност меѓу сите слоеви на општеството! Сепак, Овенот длабоко во себе е искрен, со желба за дружење, силен и иницијативен со што стекнува многу следбеници а тој пак со задоволство би ги водел напред ако му се признае лидерската улога! |
|
Овен и работа |
Овенот со својата експлозивност, решителност, достоинство и сила има потреба од работа која нема да биде досадна и која ќе му дозволи да има главна улога. Често, другите ја забележуваат неговата иницијативност и самостојност, па многу лесно и ја постигнува највисоката положба во професијата. Но, и покрај тоа што многу лесно на себе ја презема одговорноста, му недостига капацитет за внимателно планирање и рационалност.
Исто така знае да биде груб со колегите и нервозен спрема надредените. Ако веќе имате колега Овен обидете се да не го провоцирате и да му наметнувате свој начин на размислување, зошто, на тој начин, ќе стекнете отворен и енергичен непријател.
Некои од професиите каде Овните се снаоѓаат многу добро се: полицаец, војник, хирург, политичар, банкар, диригент, итн. |
|
Овен и здравје |
Овенот владее со главата.
По правило, претставниците на овој знак, бидејќи се одликуваат со голема енергија и сила, имаат добро здравје. Сепак, потребен им е краток одмор од секојдневните активности, иако мислат дека можат се да постигнат.
Би требало, сепак, да се пазат од најразлични форми на запаление на мускулите, воспалителни процеси, главоболки, треска, ангина. Поради нивната експлозивна природа често се жртви на незгоди, непријатни незгоди. Во постари години треба да ги намалат своите активности зошто може да имаат проблеми со срцето. |
|
Овен и љубов |
Својата моќ и решителност ја демонстрираат и на љубовен план. Имаат силни нагони, страсти и емоции. Кога еднаш ќе се заљубат по секоја цена мора да дојдат до саканата личност. Тешко ги сокриваат своите емоции. За да дојдат до целта, на секаков начин, но пред се гласно и отворено, ќе ја искажуваат својата љубов.
Добри љубовници се, но повеќе гледаат да ги задоволат своите потреби. Дури потоа се грижат за останатите аспекти од врската. Му недостига нежност, доверба и способност целосно да се препушти на партнерот.
Му одговара личност која ќе покаже убавина, интегритет и желба да го следи. Но, исто така, Овенот знае многу лесно да ја истроши својата заљубеност па да побара задоволување во прегратките на друга личност. Ако пак Овенот е изневерен, многу бурно реагира, крши и сака да се пресмета со натрапникот, со што само ја покажува и својата љубомора и посесивност.
Хармоничен однос воспоставува со огнените (Лав, Стрелец) и воздушните знаци (Близнаци, Терезија, Водолија), додека има проблеми во комуникацијата со земјените (Бик, Девица, Јарец) и водените знаци (Рак, Риби, Шкорпија). |
|
Совет: Дадено ви е да го предводите човештвото во нови, храбри битки за откривање на нови полиња на дејствување на човечкиот ум. Се што треба да направите да покажете и милост кон послабите и разбирање за нивните проблеми. Дури тогаш ќе станете идеални и комплетни! |
|
|