Шкорпија

  Шкорпијата е воден знак, со фиксен квалитет. По ред е осмиот знак во хороскопот. Единствен знак кој очигледно има два силни владетели, Марс и Плутон, кои наизменично и даруваат агресивност, таинственост, сила и моќ на регенерација. Но, се чини дека има огромна разлика меѓу Овните кои за владетел го имаат Марс и Шкорпиите кои повеќе личат на таинствената

планета Плутон. Типичните Шкорпии се мистериозни, силни, отпорни, страстни, со истражувачки дух. Знаат да бидат и молчаливи, опасни, насилни, доминантни и опасни непријатели. Имаат потреба се што изградиле во животот, со еден замав, да госрушат и да почнат да градат од почеток. Навистина, многу одлики собрани во карактерот на само еден знак. Нашите истражувања покажаа дека многу од лошите особини кои и се припишуваа на Шкорпијата биле плод на заблуди.  Шкорпијата, како воден знак, поседува длабоки чувства од кои всушност се состои базата на најзиниот идентитет. Фиксниот карактер и овозможува, со постојан напор, сепак, да ја постигне целта. Вообичаено не е фалбаџија, иако гори од желба да ги дознае тајните на другите луѓе. Но тоа го прави преку посредство на интуицијата, која и е неверојатно развиена, и на тој начин ги открива маните на другите луѓе. Но, бидејќи тоа не можат да го искажат, реагираат експресно и ги решаваат проблемите на изненадување на останатите. Во рамките на едно друштво, Шкорпијата е секогаш во позадина, но затоа на малкумината верни пријатели таа секогаш е од помош. Таа е целосно верна кон малиот број пријатели, знае да ги ислуша, и со два, три збора веднаш да укаже на решението на проблемите. Но кога ќе биде еднаш повредена, таа никогаш не заборава и ќе се најде еден момент во иднината кога повеќекратно ќе се одмазди. Важи за најопасен неприајтел, која како и животното шкорпија, брзо и молскавично го вбризгува отровот во изненадената жртва.

Шкорпија и работа

  Шкорпијата има проблем во изборот на работа. Таа сака професијата да одговара на нејзиниот темперамент или воопшто нема да работи. Нивната решеност секогаш им помага да ја завршат работата до крај. Тие работат вредно и тивко, свесни за својот квалитет. Сака да работи сама, далеку од очите на јавноста. Сакаат да откриваат, затоа може да бидат добри полицајци но и опасни криминалци.  Се снаоѓа како: хирург, писател на криминални новели, психолог, композитор, актер, итн.

Шкорпија и здравје

  Шкорпијата владее со репродуктивните органи и карлицата. Физички, Шкорпиите се многу издржливи. Но, можат да бидат склони кон инфекции (најчесто на полните органи), грозници, болести на дебелото црево. Затоа, им се препорачува да конзумираат лесно сварлива храна. Бидејќи покажуваат екстремни однесувања, треба да внимаваат да не го загрозат своето здравје со големо количество алкохол, цигари или неспиење. Треба да внимаваат на појава на фрустрации и неактивност, тоа најмногу им делува негативно по здравјето.

Шкорпија и љубов

  Во љубовта Шкорпиите се нежни, верни и посесивни. И покрај тоа што имаат силни страсти, сакаат мирна и долга љубовна врска. Најголеми мани им се љубомората и сомнежот. Партнерот кој ќе го одбере Шкорпијата мора да и биде целосно посветен. Шкорпијата си ја сака својата слобода, но е истовремено и многу грижлива личност и целосно е посветена на своето семејство. Нема време за љубовни страдања, иако во младоста ужива во страствени љубовни авантури. Сепак, ако најде идеален партнер, Шкорпијата е одличен животен сопатник и во добро и во зло. Шкорпијата одлично се согласува со останатите водени (Рак и Риби) и земјени (Бик, Девица и Јарец) знаци. Конфликти има со огнените (Овен, Лав и Стрелец) и воздушните (Близнаци, Терезија и Водолија) знаци.

Совет: Лесно ги препознавате карактерите на личностите околу вас. Но, како другите ќе ве запознаат вас, ако постојано го криете вашето вистинско лице. Потребна ви е малку повеќе верба во искреноста на човечкиот род!