Стрелец

  Стрелецот припаѓа на групата огнени знаци. Деветтиот знак во хороскопот има променлив квалитет. Симболот на Стрелецот е митското суштество кентаурот, кој претставувал половина човек и половина коњ.

Со тоа, Стрелците ја симболизираат вечната борба меѓу анималниот инстинкт и рационалниот човек. Стрелецот е храбар, друштвен, со спортски и натпреварувачки дух. Неговата либералност го прави омилен меѓу луѓето и му нема рамен во однос на неговиот оптимистички дух. Неговите лоши особини  се: непостојаност, насилност, не обрнува внимание на советите на другите луѓе, скептик, мрзелив. Неговиот владетел Јупитер му подарил топла и пријателска природа. Вообичаено се стреми да ги достигне најголемите висини во животот. Стрелецот е личност која ги сака луѓето и секогаш се обидува да внесе добро расположение. Но, тој не е зависен од нив. Напротив, се истакнува со својата независност и избор на делување. Ретко искажува нетрпеливост или посесивност. Но, има повеќе типови Стрелци, од големи филозофи и оптимисти до скептици кои гледаат негативно на се што се случува околу нив. Нивната желба и склоност за патување во странство и откривање на нови, егзотични краеви често им носи проблеми во контактот со странците. Стрелците сакаат да се покажат во најдобро светло кога ќе се соочат со предизвици. Тоа е потреба длабоко вкоренета во нив. Знаат да ризикуваат, и поради ова, треба да се стремат кон развивање на веќе вградените интелектуални способности.  На тој начи начин би ги намалиле можностите за неуспех.  Овој знак означува и способност за брзо приспособување во сите ситуации и држење на ситуацијата под сигурна контрола. По природа се идеалисти и тоа им помага да ја исполнат својата цел, дури и кога ќе се појават проблеми. Покажуваат тенденции на преголем оптимизам кога се заинтересирани за нешто. Тие се верници, спремни да се борат за она во што веруваат. Брзо учат работи, спремни се за нови искуства и луѓе. Во овој знак се родиле најголемите мислители.

Стрелец и работа

  Стрелците се луѓе со широк дијапазон на  интереси и можеме да ги најдеме во повеќе професии. По природа се професори или филозофи. Наоѓаат задоволство во изложување на моралната природа, закони и идеи кои го дефинираат универзумот. Теолози, научници, правници, политичари, односи со јавноста или администрација.  Секаде каде што има потреба од контакти со луѓе можеме да го сретнеме Стрелецот. Одлично комуницира со другите, па може да го сретнеме и во маркетинг. Многу претставници на Стрелците ќе се решат да заминат во странство со цел да го решат проблемот со егзистенција.

Стрелец и здравје

  Стрелците владеат со колковите и бутните мускули. Стрелецот, како и повеќето огнени знаци, е во добра психофизичка состојба. Редовно спортуваат што им е полезно за оддржување на доброто здравје. Но во подоцнежните години, кога веројатно имаат помалку време да се занимаваат со физички активности, склони се кон дебелеење. Треба да ги одбегнуваат цигарите уште од младоста бидејќи дишните органи им се многу осетливи. Може да се појават и проблеми поврзани со шеќерот и црниот дроб.

Стрелец и љубов

  Стрелецот внимава да не наиде на љубоморен и посесивен партнер кој би ја ограничил неговата потреба од слобода на размислување и движење. Помладите стрелци најпрвин гледаат на физичкиот изглед, и машкиот и женскиот пол. Поумните Стрелци бараат силен интелектуален партнер со кој ќе бидат рамноправни. Тие имаат потреба и од пријатели, а не само љубовници. Инаку, често Стрелците се посочувани како знаци кои имаат многу поминато во својот живот. Најчесто и самите се фалат за своите подвизи. Стрелците имаат хармонични односи со останатите огнени (Овен и Лав) и воздушни (Близнаци, Терезија и Водолија) знаци, додека недоразбирања се појавуваат во односите со земјените (Бик, Девица и Јарец) и водени (Рак, Шкорпија и Риби) знаци.

Совет за Стрелците: Раширете го вашето знаење, обилно користејќи го вашиот хумор и насмевка. Развеселете ги луѓето, поучете ги дека треба да ги почитуваат моралните норми и дека животот треба да се живее со сите негови мани и доблести!